//Здравствено осигурување во Германија
Здравствено осигурување во Германија2018-02-26T08:49:22+00:00

Здравствено осигурување во Германија

Од 2009 година, секое лице со место на живеење во Сојузна Република Германија има обврска за здравствено осигурување. Дури и за краткорочни престои во Германија, потребно е здравствено осигурување, во спротивно се одбива издавањето на виза.

Особености Германија
Задолжително здравствено осигурување
Приватно здравствено осигурување
Студенти
Странски работници
Странски научници
Баратели на азил
Приправници / дадилки
Совети / линкови

Особености на германскиот систем за здравствено осигурување

Германското здравствено осигурување се карактеризира со двоен систем составен од задолжително здравствено осигурување (ЗЗО) и приватно здравствено осигурување (ПЗО). Додека ЗЗО е достапно за секого, за приватното здравствено осигурување важат одредени услови.

Граѓаните од државите на Европската економска зона1 (ЕЕЗ) и државјаните на земји со кои постои Спогодба за социјално осигурување² може да останат осигурани во здравственото осигурување на нивната матична земја. Осигурителните услуги на други земји може да бидат значително различни во споредба со Германија. Поради тоа може да биде потребен финансиски придонес или склучување на дополнително осигурување.

Задолжително здравствено осигурување (ЗЗО) и принцип на солидарност

Придонесите за законското здравствено осигурување зависат од приходот. Основа е вкупниот бруто приход, од кој се наплатува еднаква стапка на придонес во висина од 14,6 проценти (состојба 2018 година). Истиот на еднакви делови е поделен помеѓу осигуреникот и работодавецот со по 7,3 проценти. Покрај тоа, секој фонд за здравствено осигурување наплаќа дополнителен придонес во различен износ, за кој плаќа само вработениот. Доколку се надмине основицата на придонесот (2018: 4.425,00 евра месечно), приходот не е важен за пресметување на придонесот. Во задолжителното здравствено осигурување, децата и брачните другари може да бидат осигурени во рамки на семејното осигурување.

Некои групи на лица мора да станат членови на задолжителното здравствено осигурување. Тука меѓу другото се вбројуваат:

  • Службеници (бруто приход под границата на задолжително осигурување)

  • Пензионери (ако е исполнет периодот на претходно осигурување)

  • Корисници на надоместок за невработеност

Задолжително здравствено осигурување советник
Задолжително здравствено осигурување листа
Задолжително здравствено осигурување тест
Задолжително здравствено осигурување споредба

Индивидуални услуги во приватното здравствено осигурување

Членството во приватно здравствено осигурување не е можно за секого. Вработените можат да бидат осигурени во ПЗО од бруто приход над задолжителната граница за осигурување (2018: 4.950 евра месечно). Подносителите мора да бидат изземени од задолжителното здравствено осигурување преку поднесување на барање. Честопати приватните здравствени осигурувања бараат минимален период на постојан престој во Германија. Странските осигуреници мора да докажат долгорочен период на осигурување. Многу приватни осигурителни компании нудат посебни стапки за оваа група, кои се прилагодени кон нивните потреби и должина на престој.

Доколку се поднесе барање за приватно здравствено осигурување, ќе бидат поставени детални прашања за здравствената состојба (здравствена проверка). Германската здравствена заштита истекува во моментот кога осигуреникот се враќа во својата матична земја.

Следните групи на лица се често приватно осигурени:

  • Службеници (бруто приход над границата на задолжително осигурување)

  • Државни службеници

  • Самовработени и хонорарци

Придонесите од приватното здравствено осигурување се независни од приходот и се засноваат според здравствената состојба, возраста и обемот на услугите. Премиите се индивидуални за секој осигуреник.

Опсегот на услуги што ги нуди ПЗО речиси и да не подлежи на државни регулативи и во многу случаи е посеопфатно од задолжителното. Покрај тоа, услугите може да се прилагодат токму на осигуреникот. За сите трошоци за лекување, осигуреникот плаќа однапред. Осигурувањето ги надоместува овие трошоци по поднесување на фактура (принцип на надомест).

Дополнителни осигурувања

Дополнителните осигурувања служат за затворање на празнините во здравственото осигурување. Склучувањето се врши во приватна осигурителна компанија, без оглед на приходот. Важни дополнителни осигурувања се, на пример, дополнително осигурување за туѓа нега, дополнително стоматолошко осигурување или дополнително болничко осигурување.

Приватно здравствено осигурување советник
Приватно здравствено осигурување промена
Дополнително стоматолошко осигурување советник
Приватно здравствено осигурување тест
Дополнително здравствено осигурување советник
Дополнително стоматолошко осигурување тест

Здравствено осигурување за странски студенти во Германија

Сите странски студенти кои започнуваат студии на германски универзитет или висока школа мора да имаат здравствено осигурување. Без доказ за здравствено осигурување, нема упис на факултет.

Задолжително осигурување за студенти во Германија

Во зависност од целта на престојот, земјата на потекло и возраста на студентот, важат различни услови. Во основа, се разликуваат следните пет групи на лица:
1 Студентите од државите на ЕЕЗ¹ или државите, кои имаат склучено Спогодба за социјално осигурување² со Германија
2 Студентите од сите останати држави
3 Студентите на возраст над 30 години или кои го завршиле својот 14-ти семестар
4 Учесници во подготвителни јазични курсеви
5 Странски докторанти и стипендисти

Здравствено осигурување за граѓаните на ЕУ под 30 години / од 14 семестри

Студентите од државите на ЕЕО¹ и државите кои имаат склучено Спогодба за социјално осигурување² можат да бидат изземени од задолжителното здравствено осигурување во Германија ако имаат доказ за здравствено осигурување во нивната матична земја:

Здравствено осигурување во земјата на потекло Можности за осигурување во Германија Дополнителни услови
Задолжително здравствено осигурување Признавање при задолжително здравствено осигурување European Health Insurance Card (EHIC) на Фондот за здравствено осигурување во матичната земја
Приватно здравствено осигурување Приватно здравствено осигурување Потврда од фондот во матичната земја;
Пресметка на услугите и лековите во сопствениот фонд за здравствено осигурување
без здравствено осигурување Задолжително или приватно здравствено осигурување од 30 години можно е само приватно осигурување

Внимание: На странските студенти кои се приватно осигурени во Германија, но сè уште немаат наполнето 30 години, често за запишување на факултет им треба потврда за ослободување од задолжителното здравствено осигурување. Потоа, приемот во ЗЗО во рамките на студискиот престој веќе не е возможен.

Обврска за здравствено осигурување за граѓани на држави кои не се членки на ЕУ

Студентите од сите други држави за време на нивниот престој мора да имаат задолжително или приватно здравствено осигурување во Германија. Од 30-годишна возраст или по завршување на 14-тиот семестар, студентите во Германија не се осигурани со закон и мора да се осигураат приватно. Истото важи и за лица кои учествуваат во подготвителни јазични курсеви во Германија.

Придонеси во задолжителното здравствено осигурување (состојба 2018 година)

Осигурување за странски студенти Придонес во здравствено осигурување Придонес во осигурување за туѓа нега Вкупно придонеси
Студенти без дете (од 23 години) 66,33 евра* 18,17 евра** 84,50 евра*
Студенти до 23 одн. со дете 66,33 евра* 16,55 евра** 82,88 евра*

* Придонесите во задолжителното осигурување за странски студенти се исти кај сите фондови за здравствено осигурување. Покрај тоа, постои и индивидуален дополнителен придонес во соодветниот фонд за здравствено осигурување. ** Придонесите за осигурување за туѓа нега изнесуваат 2,55 % за студентите со дете, а од 23 без дете 2,80 проценти.

Пред започнување со студиите, странските студенти треба да се посоветуваат со надлежното Друштво за помош на студенти или со академската Меѓународна канцеларија (International Office).

Работа во Германија – Здравствено осигурување за работници од странство

Начелно важи: вработениот е социјално осигуран во земјата во која работи. Дури и при краткорочен престој во странство, потребно е да се приклучи на германското здравствено осигурување.

Здравствена заштите на граѓаните на државите членки на ЕУ

Странските работници од државите членки на ЕЕЗ1 и од државите кои со Германија имаат склучено Спогодба за социјално осигурување2, треба да имаат здравствено осигурување во Германија, без разлика дали се вработени или самовработени. Истото важи и ако вработеното лице живее во друга држава членка или ако седиштето на работодавачот се наоѓа во друга држава членка. Постојат само два исклучока:

1
лице истовремено вработено како работник во една држава членка и самовработено лице во друга држава членка ⇢ социјално осигурување е можно во двете држави

2
временски ограничено испраќање во странство (максимум 12 месеци) ⇢ здравствено осигурање во земјата на потекло (за ова е потребен обрзецот E 101)

Здравствена заштите на граѓаните на државите кои не се членки на ЕУ

Независно од должината на престојот, работниците надвор од ЕУ подлежат на германско здравствено осигурување под услов покрај работната дозвола да поседуваат и дозвола за престој. Државјаните на трети земји можат да поднесат барање кај германската дипломатска мисија или во Управата за странци во Германија.

Работа и истражување во Германија – Здравствено осигурување за работници од странство и научници од странство

Прописи за научници од странство

Исто така, и за научниците од странство (истражувачи) и придружните членови на семејството здравственото осигурување е задолжително. Затоа, итно е потребно државјаните од трети земји да се распрашаат за можностите за осигурување пред поаѓање: Дозволата за престој се издава само по приложување на здравствено осигурување.

Преглед на законските прописи:

Потекло/Вид на престој Правилник за здравствено осигурување
Научници од странство од државите членки на ЕЕЗ¹ и државите кои имаат склучено Спогодба за социјално осигурување² Здравствено осигурување во земјата на потекло важи и во Германија (European Health Insurance Card).
Неопходен е образец број 1 или 101 од матичниот фонд за здравствено осигурување
Странски научници со место на живеење во Германија (при подолги престои) Задолжително здравствено осигурување кај осигурителна компанија одобрена во Германија
постоечкото здравствено осигурување во земјата на потекло може за време на престојот во Германија да се префрли во тарифата за квалификацискиот период
Странски научници со договор за работа Неопходна е германска обврска за здравствено осигурување во задолжително или приватно здравствено осигурување
Странски научници со стипендија можно е само приватно здравствено осигурување

Здравствена заштита за доселеници во Германија

Лицата кои сакаат да имигрираат во Германија и со тоа да бараат постојан престој, мора да склучат здравствено осигурување. Во спротивно ќе биде одбиено издавањето на германска виза.

Право на престој за граѓаните на ЕУ

Начелно, граѓаните на една држава членка на Европската унија имаат право да живеат во која било земја на ЕУ, дури и ако не работат таму. Меѓутоа, правото на престој подлежи на два услова:

1
Доселениците мора да покажат дека имаат доволно „средства за живот“ за да можат да се издржуваат во засегнатата земја членка на ЕУ

2
Склучување на здравствено осигурување во „новата“ ЕУ-земја

Прописи за државјани на држави кои не се членки на ЕУ

Имигрантите од земјите на кои за влез во Германија им е потребна виза, уште во тој момент мора да поседуваат здравствено осигурување. Во зависност од тоа дали еден имигрант е вработен или не, важат различни услови како за задолжителното, така и за приватното здравствено осигурување.

Посебни прописи за баратели на азил во Германија

Посебен статус добиваат лицата кои во Германија бараат заштита од политички или друг вид на прогон. Начелно барателите на азил не се осигурени преку задолжителното здравствено осигурување. Во случај на болест, тие имаат право на услуги според Законот за услуги за баратели на азил. Во зависност од статусот и времетраењето на престојот, според Законот се применуваат различни нивоа на услуги.

Правото според член 4 од Законот за услуги за баратели на азил содржи:

  • во случај на акутни заболувања: медицински третман, вклучувајќи и набавка на завои и лекови и други услуги кои служат за закрепнување

  • нега и медицинска грижа, вклучувајќи и помош од бабица, како и снабдување со лекови и завои за бремени жени и леунки

  • користење на превентивни прегледи и вакцинации

Германско здравствено осигурување за ученици, практиканти и дадилки

0
Ограничување на обврската за правно осигурување

Студентите на размена, странските практиканти и дадилките кои работат во Германија мора за време на нивниот престој да поседуваат здравствено осигурување и осигурување од несреќи. Странските практиканти и дадилки имаат обврска за задолжително здравствено осигурување само ако заработуваат повеќе од 450 евра месечно. Сепак, можат да склучат приватно здравствено осигурување специјално наменето за потребите на странските гости и посетители од Европската економска зона¹, како од државите со Спогодба за социјално осигуривање².

Здравствено осигурување од земјата на потекло или во Германија?

Посетители од државите членки на EEЗ¹ можат да се лекуваат во Германија со помош на Европската здравствена картичка. Ако земјата на потекло има склучено Спогодба за социјално осигурување² со Германија, вклучувајќи и прописи за здравствено осигурување, под одредени околности може да се бараат услуги во Германија. Опсегот на услугите е утврден со соодветната спогодба. Ако земјата на потекло не е во ЕЕЗ¹ и не постои спогодба за социјално осигурување², мора да се склучи приватно здравствено осигурување. Кај дадилките трошоците за приватно здравствено осигурување и осигурување од несреќи паѓаат на товар на семејството-домаќин.

Возрасни ограничувања за дадилки:

  • По правило: 18 до 27 години

  • За поднесување барање за виза: 18 до 26 години

  • Потекло од држави кои не се членки на ЕУ: 18 до 24 години

  • максимален период на осигурување: 12 месеци

Пред да престојувате во странство, препорачливо е да побарате независен совет во матичната земја или во земјата на престој. Ова може да се направи, на пример, кај надлежните дипломатски мисии во странство или во надлежната Управа за странци или специјално во друштвата за осигурување.

Внимание: Тарифните понуди и услуги се разликуваат во зависност од давателот на услуги – оттаму цените и услугите треба да бидат детално испитани однапред. Покрај тоа, постојат тарифи за лица кои краткорочно престојуваат во Германија во рамките на програмата Work & Travel.

Корисни совети за странски државјани во Германија

Што да направите во итен случај? Ако во итен случај Ви треба медицинска нега, важно е да знаете кому да му се обратите и како да дојдете до таа помош.

1. Важни телефонски броеви во итни ситуации

Следните броеви за итни случаи се неопходни ако медицинскиот третман е потребен брзо и веднаш, или ако постои друга итна ситуација:

112 → Лекар за итни случаи/ амбулантно возило и/или пожарна (важи ширум Европа)
110 → Полиција

Сите телефонски броеви за итни случаи се бесплатно достапни.

2. Дежурна медицинска служба

Можности за добивање на медицинска грижа надвор од работното време:

  • дежурна медицинска служба на Здржението на лекарски ординации: Тел. 116117
  • Ургентно одделение на градската болница или на универзитетската клиника на лице место

3. Лекови и аптеки

Лекови обично се добиваат преку аптеки, Германија има многу густа мрежа на аптеки. Истите се означени со голем црвен симбол „А“. Во меѓувреме, нарачката на лекови преку интернет аптеки е исто така широко распространета. Сепак, треба да се прави разлика:

  • лекови без рецепт ⇢ достапни без лекарски рецепт

  • лекови на рецепт (како што се антибиотици) ⇢ неопходен е претходен лекарски преглед и лекарски рецепт, како и доплата

За итни случаи во Германија постои дежурна аптекарска служба. Адресата на надлежните аптеки („аптека на должност“) во близина може да се најде во актуелен весник или на огласната табла на која било аптека.

4. Совети и помош – Корисни линкови

Образовни установи Адреса
Министерство за надворешни работи www.auswaertiges-amt.de
Сојузно министерство за миграција и бегалци www.bamf.de
Сојузен повереник за странци www.bundes­auslaender­beauftragte.de
Национални совети за бегалци www.fluechtlingsrat.de
Германска академска служба за размена (ДААД) www.daad.de
Германско друштво за помош на студенти (ДСВ) www.internationale-studierende.de
Фондација за промовирање на конференцијата на ректорите www.hochschul­kompass.de
Секретаријат на Постојаната конференција на министрите за образование и култура на покраините
Централна канцеларија за странско образование
www.anabin.kmk.org
Гете институт www.goethe.de
Друштво за академска подготовка за студирање и развој на тестови
ТестДАФ-Институт
www.testdaf.de
Сојузно министерство за образование и истражување www.bmbf.de
Сојузна управа за осигурување www.bundes­versicherungs­amt.de
Сојузна агенција за политичка едукација www.bpb.de
Германска канцеларија за врска Здравствено осигурување – странство
(ДВКА)
www.dvka.de
Здравствени установи Адреса
Сојузно министерство за здравство (БМГ) www.bundes­gesundheits­ministerium.de
Сојузен центар за здравствена едукација (БЗгА) www.bzga.de
Сојузната асоцијација за превенција и унапредување на здравјето (БВПГ) www.bvpraevention.de
Независно советување на пациенти Германија (УПД) www.patienten­beratung.de/de
Германски црвен крст (ДРК) www.drk.de
Добротоворна црковна организација Германија www.diakonie.de
Каритас Германија www.caritas.de
Сојузна асоцијација на слободната социјална грижа (БАГФВ) www.bagfw.de
Германска помош за СИДА www.aidshilfe.de
Германска главна канцеларија за прашања на зависности (ДХС) www.dhs.de
Германско СТИ-друштво
Здружение за унапредување на сексуалното здравје
www.dstig.de
Германско здружение за исхрана www.dge.de
Мрежа на здрави градови www.gesunde-staedte-netzwerk.de

¹ЕУ-/ЕЕЗ-држави: Држави членки на ЕУ и Лихтенштајн, Норвешка, Исланд + Швајцарија
²Држави кои со Германија имаат склучено Спогодба за социјално осигурување: Босна и Херцеговина, прекуморски департмани на Франција (Француска Гвајана, Гвадалупе, Мартиник, Мајот, Реинион), Израел³, Хрватска, Мароко, Македонија, Црна Гора, Србија, Турција и Тунис
³ Спогодбата се однесува исклучиво на помош за родилки во рамките на здравственото осигурување.

MerkenMerken